Промоција: Илјаз Чилјафи е ново име во Брера! (ФОТО)

262

Денеска Брера Струмица се пофали со уште едно ново име. Тоа е Илјаз Чилјафи (25) кој дојде во Струмица од таборот на Детонит Плачковица. Игра на позицијата лев бек а во есенскиот дел беше еден од најдобрите поединци во второлигашот од Радовиш.May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

“Ми претставува вистинско задоволство што ќе бидам дел од тимот на Брера Струмица. Добро сум прифатен од сите во клубот и веќе се приклучив во тренажниот процес на мојот нов тим. Се надевам дека ќе добијам шанса да ги искажам своите квалитети“ рече покрај другото Чилјафи.

ПретходноЈончевски го скрати списокот за дуелите со Естонија и Полска
СледноСтоле доби нов тренер во Рајо Ваљекано! (ФОТО)