Се уште се зборува за поништениот гол на Џуд Белингем во 99 минута по кој Реал остана без победата на гостувањето кај Валенсија. Во Реал се бесни затоа што судијата Манзано не го призна голот, а потоа покажа црвен картон за младиот англиски фудбалер. По корнерот на Модриќ и одбиената топка, акцијата продолжи со нафрлување во шеснаесетникот по кој Белингем го совлада домашниот голман. Но една секунда пред тоа судијата свирна крај и голот не го призна.
Според тренерот на Валенсија, Рубен Бараха, голот оправдано е поништен.
„Се е јасно. Кога топката отиде во корнер, судијата рече дека тоа ќе биде последниот напад. И кога ја исфрливме топката од шеснаесетникот. Мечот тогаш беше завршен, но фудбалерите на Реал продолжија да играат“, рече Бараха.
Напаѓачот Дуро кој постигна еден од головите за Валенсија го изјави истото.
„Не знам што чекаше за последниот свиреж. Рече уште корнерот, ние ја расчистивме нафрлената топка и тоа беше крај на мечот. Не знам зошто се играше уште. Всушност, во текот на мечот им свиреше се што можеше…“, вели Дуро.
Навивачите на Валенсија се уште се сеќаваат на слична судишка грешка во мечот со Баерн во сезоната 1999/2000 и поништениот гол на Лопез за победа. Судиски свиреж за крај непосредно пред топката да влезе во голот на Баерн.










