ГРК Охрид е првиот тим кој оваа сезона успеа да му нанесе пораз на Алкалоид. Избраниците на Стевче Алушовски на домашен терен го добија дербито на 4. коло, го совладаа актуелниот македонски вицепрвак со 30-26 (16-9).
По овој меч дојде до промена на табелата, Пелистер е лидер со 14 бода, додека Алкалоид е втор со 12 бода.
Цирар беше лидерот во редовите на победничкиот табор со 14 погодоци, Шафранко имаше седум гола, додека Ѓоргески беше фантастичен со 13 одбрани. На другата страна Дамјан Митев имаше седум гола, два помалку запиша Серафимов.
Мечот започна изедначено, со тоа што цврстата одбрана на Стевче Алушевски и далеку поискусниот тим, го донесе првото резултатско издвојување, на крилата на Цирар, ГРК Охрид поведе со 7-5 во 17. минута, период во кој гостите направија технички грешки. Бинго не успеа да донесе израмнување по голот на Димовски. Нешто подоцна, поточно во 24. минута по погодокот на Џонов за 10-9, следеше неверојатна серија на ГРК Охрид благодарение на Цирар и неверојатниот Ѓоргески, кој блескаше на голот. Со шест гола во низа, домашниот тим поведе со 16-9, резултат со кој се замина на одморот.

Ѓоргиев за 16-10 на стартот на второто полувреме, прв гол за Алкалоид после седум минути. Следеа два нови погодоци за 16-12, беше и 17-13, но домаќинот успеа да дојде повторно на плус пет 18-13, а нешто подоцна по нова грешка на Алкалоид, зголеми на 21-15.
Во 48. минута на семафорот стоеја плус шест (23-17) за домашниот тим. Алкалоид беше во трка со времето, но тешко одеше, бидејќи охриѓани умешно ја чуваа позитивата. По 27-21 во 54. минута, избраниците Кирил Лазаров намалија на 27-23, имаа шанса да дојдат на минус три, но Ѓоргески две нови одбрани успеа спречи драма. ГРК Охрид мирно го приврши мечот во своја корист.










