По денешниот пораз од Воска Спорт, во еден од најзначајните мечеви сезонава, раководството на Македонија ЃП се одлулчи да му врачи отказ на Тони Џангаровски.
Секако дека сега ќе треба да се избере нов тренер, “лавовите“ веќе во среда во меч од 22.коло му гостуваат на шампионот.
Дознаваме дека Бобан Грнчаров, некогашнииот стратег на Вардар, некогашен познат фудбалер со богата кариера, некогашен капитен на Вардар, е сериозен кандидат за клупата на тимот од Ѓорче.
Сепак останува да се види раководството на Македонија ЃП за која опција ќе се одлучи.















