У-21: Познат е стартниот состав на Македонија против Шведска!

534

На околу два часа од почетокот на мечот со Шведска, во рамките на групата -Ц за квалификациите за ЕУРО 2025, познат е стартниот состав на нашата У-21 репрезентација кој го одреди селекторот Драган Канатларовски.

Тоа се:

Алчевски, Димитриевски, Стојчевски, Фетаи, Деспотовски, Рамадани, Николов, Рамани, Златков, Станковски и Илиевски.

Ова значи дека во тимот се враќа капитенот Илиевски кој не настапи со Гибралтар и тоа на местото на Абази кој го даде победничкиот гол на тој меч пред неколку дена.

Познато е дека Канатларовски за оваа денешна средба со Шведска нема да може да смета на Максимов поради картони и на Тодоровски и Калкан поради повреди.

ПретходноМашката и женската репрезентација ќе добијат исти премии, Купот на Македонија се враќа во Скопје!
СледноДи Марија доби смртни закани: Не оставаме пораки, туку мртви тела