Нејмар по 11 години се враќа во Сантос?! (ВИДЕО)

147

И дефинитивно е јасно дека Нејмар си заминува од С. Арабија, но во 2025 година. Се споменуваше Барселона, па Интер Мајами, а најновите информации велат дека нема да биде изненадување ако во 2025 година тој се врати во Сантос и ја носи „десетката“ на Пеле.

Бразилската мега – ѕвезда, откако е на рехабилитација по тешката повреда и операција, веќе во неколку наврати тој го следи мечевите на својот Сантос. Фановите се воодушевени и од него бараат тој да потпише договор.

Според медимите во Бразил ова не е невозможно.

Сепак останува да се види каков ќе биде потегот на Нејмар и како ќе “избега“ од С. Арабија. Инаку Нејмар во 2013 година од Сантос се пресели во Барселона.

ПретходноПеп Гвардиола: Ливерпул е најголем фаворит за титулата во ПЛ!
СледноСтартува најважната ЕХФ-недела за македонските ракометарки