Богдановиќ му се внесе во лице на тренерот, соиграчите ги разделуваа (ВИДЕО)

457

Атланта го победи Чикаго Булс со 113:101. Ова беше важен натпревар помеѓу две екипи кои се борат за место во плеј-офот. Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ беше еден од најдобрите играчи мечот го заврши со 20 поени и имаше речиси совршен шутерски учинок – погоди шест од седум обиди.

Богдановиќ бурно реагираше на одлуката на тренерот на крајот од натпреварот, кога Атланта имаше сигурно водство и беше на пат кон победата. Српскиот играч стана и му се втурна во лицето на тренерот Квин Снајдер. Соиграчите станаа од клупата за да го смират. По натпреварот изјави дека не е ништо чудно и дека повремената кавга меѓу него и тренерот значи дека и двајцата се грижат за победа.

ПретходноБукер им испорача 52 поени на Њу Орлеанс (ВИДЕО)
СледноРазделба со Седлоски, Горан Станиќ на клупата на Работнички