Горан Здравков веќе не е тренер на Брегалница

548

Фудбалскиот клуб Брегалница денеска соопшти дека спогодбено се раздели со шефот на стручниот штаб Горан Здравков, по серијата негативни резултати на тимот во пролетниот дел од сезоната.

Брегалница во последните шест натпревари е без победа, со четири порази и само две ремија, поради што од морални причини следи повлекувањето на Здравков од тренерската функција.

„Од морални причини се повлекувам од тренерската функција во Брегалница, затоа што искрено чувствувам дека сето тоа е единствено решение во интерес на клубот и градот кои заслужуваат далеку повеќе од својот миленик. Силно верувам во овој тим и фудбалерите на Брегалница за кои знам дека можат и мораат многу повеќе. Од срце им посакувам до крајот на сезоната да се изборат за целите и амбициите кои беа зацртани со стартот на сезоната, на радост на најверните навивачи на клубот“ – вели Здравков по повлекувањето од тренерската функција.

Наредните денови раководството на Брегалница се очекува да го официјализира наследникот на Здравков пред кого ќе е задача да се избори за опстанок во елитното друштво.

ПретходноЛуис Хамилтон: Сите знаат дека бев ограбен во Абу Даби 2021!
СледноСледното лето Дончиќ ќе стане најплатениот кошаркар во НБА лигата