Емануел Гронер (Шкупи): Ние не криеме дека го посакуваме пехарот во Купот!

94

Шкупи денеска на својот стадион, пред своите фанови, од 15 часот во првиот меч од првото полуфинале, го дочекува амбициозниот состав на Тиквеш. Без разлика што четата на стратегот Младен Жижовиќ е во улога на фаворит, сепак во Купот се е можно. Тоа го знаат во таборот на чаирчани, го респектираат својот ривал, но сепак велат дека не кријат дека го посакуваат пехарот во Купот.

Тоа го потврдува и Емануел Гронер, напаѓачот на Шкупи:

По убедливата победа над Вардар во саботата добивме уште поголема самодоверба. Атмосферата беше одлична, навивачите беа со нас и тоа покажува дека сме најголем клуб во државата. Денеска играме со Тиквеш во рамките на првото полуфинале во Купот. Ние на овој меч, на овој двомеч влегуваме со амбиции да победиме и да победиме потоа во финалето. Ние не криеме дека го посакуваме пехарот. Едвај чекаме да почне денешниот натпревар, фокусирани сме, знаеме што треба и што се очекува од нас. Треба да се претставиме како тим, само така сите ќе сфатат колку сме силни“ заврши Норвежанецот во нападот на Шкупи.

ПретходноЧави со ултиматум до Лапорта: Две „бомби“ на лето и една во 2025 година!
СледноЕмил Рајковиќ влезе во историјата на ВТБ-лига!