„Кога ја видов пластичарската улица си реков – никогаш нема да живеам тука“

19221

Наталија Тодоровска, поранешната ракометарка на златната генерација на Кометал Ѓорче Петров, која во сезоната 2011/2002 се искачи на врвот на Европа, никогаш не и паѓало на памет дека ќе живее во Скопје.

Првиот впечаток за нашиот главен град за неа бил шокантен.

„Никогаш не замислував дека ќе живеам тука, особено кога поминавме покрај пластичарската улица. Си реков никогаш нема да играм тука, а уште помалку да живеам. Маки ми велеше ќе играш за нас, јас тогаш не ни помислував на тоа.

После кога доаѓаа другите екипи им велев на шоферите да не ги носат преку пластичарска улица“, раскажа во утринската програма на Канал 5, „Здраво Македонијо“.

Тодоровска долго време живее во Скопје, има ќерка и син. Таа сега не може да си замисли да живее во друг град.

ПретходноФЛЕКС КРЕДИТ и оваа година се закити со статуетка за значаен придонес и поддршка на децата штитеници на СОС ДЕТСКО СЕЛО
СледноГрилиш: Не знам зошто противничките навивачи ме навредуваат каде и да одам