Полувреме на Чаир: Шкупи и Тиквеш тактички се надмудруваат, мрежите мируваат

356

Со резултат 0:0 заврши првото полувреме од првиот полуфинален меч во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Тиквеш, кој се игра попладнево на Чаир. Тактичко надмудрување, играчки без поголем ризик, што и се очекуваше ако се знае дека има и реванш во Кавадарци за две недели.

Тиквеш добар, организиран, знае што сака, имаше и шанса преку Стојкоски, Сепак се чини во втората половина од првото полувреме, Шкупи како да ја презема иницијативата, притисна, а голема шанса, речиси зицер имаше Едмундсон во 27.минута кога убаво се снајде пред гостинскиот гол, шутираше но голманот Ренер одлично одбрани.

ПретходноКога Пеп ќе збесне: Фановите немаат за греење, а вие играте вака, дали мислите дека тоа е нормално?!
СледноХрамот на фудбалот денеска го слави својот 50-ти роденден!