ПСЖ ја исфрли Висла и закажа меч со Барса во ЛШ

201

Ракометарите на Пари Сен Жермен ја елиминираа Висла Плоцк во осминафиналето на ЛШ благодарение на двете победи и закажаа двомеч со Барселона во топ 8 фазата. По триумфот во Полска со 26-30, момците на Раул Гонзалез во реваншот во Париз победија со 34-33.
Најефикасни кај ПСЖ беа Пранди со девет, Белагер со осум и Сипржак со седум. Кај Висла осум постигна Крајевски.
Претходно Веспрем со две победи го елиминира Пик Сегед и закажа двомеч со Алборг во четвртфиналето.

ПретходноЛиверпул го совлада Шефилд – смешен гол на Дарвин, а прекрасен на Алексис Мекалистер (видео)
СледноСупер дерби во Лондон – Челзи до 98 минута губеше 2:3 од Јунајтед и на крајот победи (видео)