Ракометарите на Пари Сен Жермен ја елиминираа Висла Плоцк во осминафиналето на ЛШ благодарение на двете победи и закажаа двомеч со Барселона во топ 8 фазата. По триумфот во Полска со 26-30, момците на Раул Гонзалез во реваншот во Париз победија со 34-33.
Најефикасни кај ПСЖ беа Пранди со девет, Белагер со осум и Сипржак со седум. Кај Висла осум постигна Крајевски.
Претходно Веспрем со две победи го елиминира Пик Сегед и закажа двомеч со Алборг во четвртфиналето.










