Митев одбра 17 одбојкарки за првиот собир пред квалификациите за ЕП

450

Женската јуниорска одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години, в недела во Струмица ќе го има официјалниот собир пред заминувањето за Србија и учеството во вториот круг од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Александар Митев на собирот повика 17 одбојкарки, од кои 14 ќе бидат дел од селекцијата која ќе замине за Врњачка бања. Во поширокиот избор на Митев се најдоа: Ивана Милева (Наковски В.), Мартина Азманова (Наковски В.), Викторија Трајкова (Наковски В.), Ева Ристовска (Бами Кор), Матеа Петровска (Бами Кор), Ирена Узунова (Бами Кор), Зофиа Георгиевска (Газели), Елана Ѓорковска (Бами Кор), Јована Каленикова (Газели), Биљана Јаковлевска (Пелистер), Лиле Лозановска (Пелистер), Симона Наковска (Фламинго), Ана Ѓоргиевска (Вардар ЕМ), Андротеа Милевска (Работнички) и Анастасија Ристевска (Пелистер). 

Нашата репрезентација квалификациите во Врњачка бања ги почнува на 11 април со натпревар против домаќинот на турнирот, Србија. Потоа ќе се сретнеме и со Холандија и со Чешка.

ПретходноАндов дебитираше со победа: Фудбалерките квалификациите ги почнаа со триумф во Рига
СледноЈамал: Ќе го победиме ПСЖ со 1:0, а знам и кој ќе го даде голот