“Специјалниот“ како да знаеше: Еве што Мурињо во 2019 година кажа за Чаби Алонсо! (ВИДЕО)

2644

Чаби Алонсо со успехот оваа сезона просто го полуде фудбалскиот свет. Нема клуб кој што не го сака за свој тренер. Вчера му ја донесе титулата на Баер Леверкузен, прва во историјата на клубот која е веќе 120 години.

По се ова сега се бараат стари видео снимки, кој што кажал некогаш за Чаби, па така излезе една од 2019 година кога Жозе Мурињо како да знаеше дека неговиот ученик, од времето во Реал Мадрид, еден ден ќе стане најдобриот тренер во светот.

Еве што кажа Мурињо пред пет години:

Од сите играчи што сум ги тренирал досега, мислам дека Чаби Алонсо има најголеми шанси да биде добар тренер. Неговиот татко беше играч па после и тренер. Роден е со татко како играч а пораснал со татко како тренер. Исто како јас, секако дека Чаби бил многу подобар фудбалер од мене. Неговото познавање на играта е на високо ниво, да, Чаби Алонсо има шанси да биде врвен тренер“ кажа “Специјалниот“ за Чаби Алонсо.

ФОТО: Twitter

ПретходноКоментар на 27.коло: Вакво дерби му треба на Скопје….
СледноЧави: Утре сакам „Монжуик“ да биде врел котел