Наби Кеита направил скандал – си заминал дома кога дознал дека не е во стартниот тим

2222

Гвинејскиот фудбалер Наби Кеита приредил скандал во изминатиот викенд. Кеита кој минатото лето го напушти Ливерпул и премина во Вердер, не му се допаднало тоа што не е во првиот тим против Леверкузен. Како што објасни директорот Клеменс Фриц, Кеита не влегол во клупскиот автобус кој тргнал кон „Бај арена“ кога дознал дека нема да го почне натпреварот.
Место во автобусот, тој си заминал дома.
„Ќе разговараме со Кеита и со неговите менаџери околу последиците и како ќе продолжи после ова“, изјави Фриц.
На овој меч Леверкузен победи со 5:0 и ја осигура титулата. Кеита кој претходно играше за Ливерпул и РБ Лајпциг има проблеми со повреди па за Вердер впиша само пет настапи оваа сезона во Бундес лигата.

ПретходноЖестока казна за навивачот кој камшикуваше фудбалер
СледноАталанта прокоцка 2:0, а Џенова извлече бод од Фиренца