Американците со дрим тим од соништата на Олимписките Игри во Париз

231

Кошаркарската репрезентација на САД на Светското првенство 2023 година пристигна без најголемите ѕвезди на НБА лигата и на крајот од турнирот остана без медал откако во полуфиналето загуби од Германија (111:113), а во борба за трето место од Канада (118:127, продолжение).

Сега се подготвува супер тим во Париз.

Листата ја предводат мегаѕвездите Леброн Џејмс и Стеф Кари, тука се Кевин Дурент, Џејсон Тејтум, Девин Букер…, но и Џоел Ембид во дебитантската акција за репрезентацијата на САД. Сите играчи на списокот, со исклучок на Ембиид, кој како 16-годишник се пресели од Камерун во Америка и кој пред две години зеде и француско државјанство, веќе играа за САД на големите натпреварувања.
Леброн Џејмс се враќа на Олимписките игри за прв пат по Лондон 2012 година и тоа ќе биде негов четврти настап на кошаркарскиот олимписки турнир. Кари никогаш не играл на Олимпијада.

Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз ќе се игра од 27 јули до 11 август, а САД ќе влезат во него од групата Ц во која се уште Србија, Јужен Судан и се уште непознат квалификациски натпревар.

Кошаркарскиот тим на САД за Олимпијадата во Париз, 11 од 12 места:
Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс)
Сте Кари (Голден Стејт Вориорс)
Кевин Дурент (Феникс Санс)
Џоел Ембиид (Филаделфија 76ерс)
Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс)
Девин Букер (Феникс Санс)
Тајрис Халибартон (Индијана Пејсерс)
Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс)
Џру Холидеј (Бостон Селтикс)
Бам Адебајо (Мајами Хит)
Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс)

ПретходноПокетино бесен на играчите: Следниот пат ќе ги избркам сите!
СледноРимскиот клуб излезе со соопштение со кое ги израдува сите!