Атанасов: Мора да го извадиме од главата првиот меч и да почнеме од нула

118

Во пресрет на утрешниот реванш-меч од четвртфиналето на плеј-офот во АБА 2 лигата, тренерот на МЗТ СКопје А., Васко Атанасов нагласи дека утрешниот меч мора да се почне од нула.

„Ваквите натпревари се најтешки за играње, но и за подготвување од нас тренерите, пред се во делот да го ‘извадиме’ од главите на кошаркарите водството од првата средба и да ги примораме да одиграат како да е само овој меч. Знам дека моите момци се ментално стабилни, важиме за искусна екипа и верувам дека ќе може да се дистанцираме од случувањата во Аеродром. Ако тие ги следат сите инструкции и ако го дадат својот максумум, тогаш ќе нема за што да се грижиме околу пласманот во полуфиналето“, вели стратегот на „штрковите“.

Реванш средбата во Широки е на програмата утре од 19 часот.

ПретходноКапело: Јуве мора да го купи Гринвуд и уште тројца играчи за да му парира на Интер
СледноНекогашниот прв пик на НБА драфтот на 36 години оди во пензија