Некогашниот прв пик на НБА драфтот на 36 години оди во пензија

289

Некогаш големата ѕвезда на НБА лигата, Блејк Грифин, реши да се пензионира на 36 години. Грифин играше како крилен центар и е во НБА од 2009 година. Тој беше избран за прв пик на драфтот, а ги носеше дресовите на Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и Бостон.

Некогаш беше избран и за најдобар дебитант, а на Ол-стар натпреварите се појави шестпати. Тој еднаш беше победник и на натпреварот во забивање.

Во текот на кариерата одигра 765 натпревари (регуларна сезона), а имаше просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции. Никогаш не освои титула во НБА лигата.

„Благодарен сум за секој момент: победи, награди, забивања и незаборавни времиња поминати со семејството, пријателите, навивачите, соиграчите и тренерите. Сите овие искуства ги направија моите 14 години во лигата навистина незаборавни и не можам да не бидам благодарен. Кошарката ми даде толку многу во овој живот и не би менувал ништо“, изјави меѓу другото, Грифин.

ПретходноАтанасов: Мора да го извадиме од главата првиот меч и да почнеме од нула
СледноОлимпискиот факел го почна патот кон Париз (ВИДЕО)