По вчерашните спектакуларни два меча од четвртфиналето на ЛШ, вечерва на програмата се уште два натпревари. Со нетрпение се чека стартот на мечот Манчестер Сити и Реал Мадрид, бранителот на европскиот трофеј против најтрофејниот во нова епска борба, овојпат за пласман во полуфиналето.
Првиот меч во Мадрид заврши 3:3, а патникот понатаму ќе се одлучи на „Етихад“. Да потсетиме минатата сезона овие две екипи играа меѓу себе во полуфиналето, а тогаш Сити по ремито во Мадрид (1:1) го победија „кралскиот клуб“ во реваншот со 4:0.
„Не би се навраќал во минатото, но ми се чини дека Реал сега е посилен. Такво чувство стекнав по првиот натпревар. Играме против кралевите на ЛШ, па ќе видиме за што сме спремни“, изјави играчот на Сити, Бернардо Силва.
Од друга страна искусниот „лисец“ Карло Анчелоти вели дека мечот со Сити може да се добие само со вистински став, а не со физичка спрема. A Гвардиола верува дека ова е нов меч, нов момент и не смее да ги залажува резултатот од минатата сезона.
„Не смееме да мислиме на тоа што се случи минатата година. За да бидеме вистински на ваквите натпревари мораме секогаш да бидеме „гладни“ за победа. Мораме да бидеме спремни и да патиме затоа што нема екипа на светот која може секогаш да доминира. Не постојат ни два исти натпревари, а не пак слични сезони“, вели Гвардиола.
А и другиот меч предизвикува интерес бидејќи првиот дуел исто така заврши нерешено (2:2). Во Лондон, пресметката меѓу Арсенал и Баерн заврши 2:2, па сега победникот ќе се решава во Минхен.
Баерн по 11 години ја загуби титулата во Бундес лигата, ќе нема да го брка ни трофејот од Купот, па останува да се фокусира на ЛШ. Арсенал викендот изгуби од Астон Вила и ја препушти лидерската позиција. Арсенал по подолго време има шанси за полуфинале, па ќе проба да направи се за да го елиминира најтрофејниот германски клуб и поранешен повеќекратен европски шампион.
ЛШ, ПОЛУФИНАЛЕ – РЕВАНШИ
МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД 21:00 ч.
Прв меч: 3:3
БАЕРН МИНХЕН – АРСЕНАЛ 21:00 ч.
Прв меч: 2:2