Куп-1/2 финале:Кавадарци ГОРИ, Тиквеш е во финале! (ВИДЕО)

1719

Во реванш мечот од 1/2 финалето во Купот на Македонија, Тиквеш по пенал рулетот успеа да го победи Шкупи со 5:3, и да се пласира во своето прво и историско финале, откако и овој меч заврши без голови по тие 90.минути.

Кавадарци ГОРИ, еуфорија и големо славје на преполните трибини на Градскиот стадион.

Решавачки беше промашениот пенал на Илиески кај Шкупи, односно Ренер одбрани. Кај Тиквеш сите пет изведувачи беа сигурни, а решавачкиот гол беше дело на Спиркоски.

А таму во финалето, Тиквеш ќе се сретне со Воска.

И на овој втор меч не видовме гол, во Кавадарци по тие 90 минути +3, резултатот беше 0:0. Неколку шанси, посебно на Тиквеш, но немаше гол па затоа мораше се решава патникот во финалето преку пенал – серијата.

Уште во првиот напад, во 50-тата секунда Тиквеш имаше одлична шанса, но Спахиу иако се најде сам пред Илјази не успеа да го совлада. Истиот играч исто се најде очи во очи со Илјази, но пак немаше гол. Во 19.минута искри на теренот, Тодоров и Адем беа во клинч, но на тоа се заврши.

Тиквеш во 35.минута преку Робертино се закани, но пак не се тресеше мрежата на Шкупи.

Па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Во второто полувреме првата закана ја упатија домашните и тоа преку Стојкоски во 55.минута, но резултатот и натаму беше 0:0. Шкупи можеше да го открие резултатот во 62.минута кога Шеји одлично шутираше, но домашниот голман Ренер одлично одбрани. Неколку минути подоцна Тодоров се закани, но безуспешно. Пинтер ја расчисти ситуацијата откако го блокираше тој удар. Претходнио пред голот на кавадарчани супер шанса за гостите, но Гронер се посрамоти шутирајќи високо над голот.

Во последните мигови од средбата се зголеми нервозата, Тиквеш ја доби поддршката од трибините, но како да се играше без ризик. Во ваа фаза секој кикс и водство на противникот е фатално.

Значи по 180 минути и повеќе во двата меча од ова полуфинале, немаше гол па затоа пеналите мораа да го решат патникот во големото финале.

А таму домашните беа перфектни изведувачи на пеналите.

ПретходноВоска слави историски пласман во финалето на Купот! (ВИДЕО+ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЃорѓи Мојсов: Фантастичен успех на Тиквеш, сега одиме по пехарот во Купот!