ПМФЛ – 28.коло: Брегалница – Работнички се игра в сабота, сите останати мечеви се закажани за во недела!

331

Од овој викенд натпреварите во ПМФЛ почнуваат од 16 часот. Следува 28.коло во нашата елитна лига а за во сабота е закажано дербито на дното меѓу Брегалница и Работнички. Две екипи кои на последните две кола одиграа сосема добро и освоија по четири бода. И двете екипи имаат нови тренери, Трајче Сенев и Горан Станиќ.

Значи во Штип се игра во сабота од 16 часот, додека за во недела закажани се сите преостанати натпревари од ова 28.коло во кое силите ќе ги одмерат Гостивар – Брера, Тиквеш – Шкендија, Силекс – Шкупи, Македонија ЃП – Струга ТЛ и Вардар – Воска.

Од друа страна сите мечеви од 25.коло во ВМФЛ се играат во стандарниот термин, во сабота, исто со почеток од 16 часот.

ПретходноФановите на Барса удрија по Араухо: “Да си одиш во Баерн“, Врати се во Уругвај“, “Те мразам од срце“… (ФОТО)
СледноМЗТ Скопје по печат на полуфинале кај Широки