Дебрецин како судбина: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција на ЕП

259

Македонската женска ракометна репрезентација ги дозна противниците на Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија (28. ноември до 15 декември). „Црвено-жолтите“ се најдоа во групата А, а ќе играат против домаќинот Унгарија, Шведска и Турција. Домаќин на нашата група е Дебрецин, градот во кој машката ракометна репрезентација играше на ЕП.

Според системот на натпреварување првите две репрезентации одат во следната рунда, додека последните две се пакуваат за дома.

За женската ракометна репрезентација ова ќе биде седмо учество на Европските првенства, второ по ред, во 2022 година благодарение на РФМ и упорноста да биде домаќин на шампионатот.

ПретходноКрстовски со осми гол сезонава донесе нова победа за Домжале
СледноПознат е возниот ред на ЕП 2024: Македонските ракометарки отвараат против Шведска!