Познат е возниот ред на ЕП 2024: Македонските ракометарки отвараат против Шведска!

176

Македонската женска ракометна репрезентација на Европското првенство 2024 година ќе игра против Шведска, домаќинот Унгарија и Турција. Градот кој ќе биде домаќин на оваа група е Дебрецин, поточно Фокс Арената.

Македонија првиот меч го игра против Шведска на 28. ноември, два дена подоцна е дуелот со Турција, додека на последниот меч од групната фаза ќе се сретне со Унгарија (02.12.2024).

Првите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда, додека останатите две ќе се спакуваат. Покрај Унгарија, главен домаќин на ЕП 2024 година е Австрија, а ко-организатор е Швајцарија.

ПретходноДебрецин како судбина: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција на ЕП
СледноСамо на Балканот: Го претепале судијата па го држеле “опколен“ на стадионот неколку часа!