Зверев се налути и се обиде да го прекине мечот – Ова е смешно…

294

Германскиот тенисер Александар Зверев му се закануваше на главниот судија дека ќе го прекине натпреварот од четвртфиналето на АТП турнирот во Минхен против Кристијан Гарин. Првиот носител го загуби дуелот со Чилеанецот со 2:0 во сетови 6:4 и 6:4. На овој меч не му одеше на Зверев, условите за игра беа тешки, ладно време, дожд, но судијата не сакаше да го прекине мечот.
„Во кој момент тоа ќе го направиме? Во кој момент? Кажи ми. Ако не направиме нешто ќе го завршам мечот. Ќе ги одиграм наредните два гема и тоа е тоа. Ова е смешно. Паѓа дожд, тешко е да се игра“, му рекол Зверев на судијата.
Мечот продолжи и Зверев изгуби.
Гарин во финалето на турнирот од категоријата 500 ќе игра против Тејлор Фриц.

ПретходноИсени ја мина првата пречка на ЕП во бокс, пораз на Рустемовски
СледноПет потписи во еден ден – Галатасарај ги задржа главните ѕвезди