Верстапен победник на спринтот во Кина!

148

Макс Верстапен уште еднаш покажа дека е класа за себе. Светскиот првак е победник на спринтот за ГН на Кина на патеката во Шангај. Ова беше прв спринт во новата сезона.

Иако мораше да се пробива, ако се знае дека имаше лоши квалификации, сепак на крај Верстапен успеа да победи со 13 секунди предност пред вториот Луис Хамилтон, додек трет беше Серхио Перез.

Image

Интересно е тоа што Макс во еден момент беше зад Алонсо и Хамилтон, но немаше проблеми и успеа да ги мине.

Интересно беше дуелот меѓу Алонсо и Саинц, по кој некогашниот светски првак отпадна од овој спринт.

Веќе во 9 часот ќе започнат квалификациите за утрешната трка во Шангај.

ПретходноПеп за повредата на Халанд: Фудбалерите не се роботи!
СледноСензационално: Чави од јуни на клупата на некогашен европски првак!