ВМФЛ: Беса денеска може да слави и официјално пласман во ПМФЛ!

1268

Попладнево од 16 часот на програмата се сите осум средби од 25.коло во ВМФЛ. Лидерот Беса гостува кај Арсими и во случај на победа, а Детонит да одигра реми или да загуби дома од Беласица, тогаш тимот од Добри Дол и официјално ќе стане прволигаш зошто во последните пет кола ќе влезе со 16 или 17 бода предност пред тимот од Радовиш. Познато е дека првите две екипи директно одат во елитата а третата ќе игра бараж со десеттиот тим од ПМФЛ.

Во пресрет на ова кола разликата во бодови меѓу Беса и Детони е 14 бода. Сепак ќе видиме како ќе се одвиваат работите попладне, но ако не ова коло тогаш во наредното секако дека Беса ќе стави печат на еден историски успех за овој клуб.

Пелистер го дочекува Охрид и се очекува нови бодови за битолчани, на останатите средби се среќаваат Скопје – Тетекс, Вардар (Н) – Башкими, Караорман – Победа, Кожув – Осогово и Саса – Новаци.

ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Пелистер – Охрид

Арсими – Беса

Скопје – Тетекс

Вардар (Н) – Башкими

Караорман – Победа

Кожув – Осогово

Детонит – Беласица

Саса – Новаци

ТАБЕЛА

Беса 63, Пелистер 57, Детонит 49, Арсими 41, Охрид 38, Башкими 37, Скопје 35, Беласица 31, Кожув 31, Вардар (Н) 31, Новаци 25, Тетекс 24, Победа 23, Осогово 20, Саса 18, Караорман 15…

ПретходноСупер Макс со пол-позиција во Кина!
СледноЛеброн за Јокиќ: Тој е еден од најдобрите во историјата!