Пополнети се последните две места во плеј-офот во НБА!

134

Мајами и Њу Орлеанс се двете последни екипи кои се пласираа во плеј – офот во НБА. Мајами во доигрувањето го совлада тимот на Чикаго на истокот, со 112:91, додека Њу Орлеанс славеше против Сакраменто со 105:98.

Мајами на свој терен, иако играше без Џими Батлер, го победи Чикаго и тоа благодарение на одличниот настап на Тајлер Хер кој заврши со 24 поени, 10 скокови и 9 асистенции.

На западот во доигрувањето Њу Орлеанс во триумфот над Сакраменто ги водеше Брендон Инграм со 24 поени и по 6 скокови и асистенции.

Кај поразениот тим Домантас Сабонис мечот го заврши со 23 поени, 14 скокови и 7 асистенции.

ПретходноСензационално: Чави од јуни на клупата на некогашен европски првак!
СледноГотово е: Милан ќе му врачи отказ на Пиоли, познат е и неговиот наследник!