И Том Брејди во соблекувалната на Реал ја славеше победата во „Ел Класико“! (ВИДЕО)

431

Том Брејди, еден од најголемите во историјата на спортот, седумпати првак во НФЛ, вчера го следеше “Ел Класико“ во Мадрид. Пред мечот се поздрави со Флорентинот Перез и Карло Анчелоти, а по натпреварот се симна во соблекувалната на Реал Мадрид и заедно со Белингем, Модриќ, Лунин, Винициус и останатите ја прослави победата на “кралевите“.

Во секој случај интересен момент, без разлика што Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот, сепак не секој ден ти доаѓа еден Брејди во соблекувалната и ти честита на победата.

ФОТО: Real Madrid

 

ПретходноИга Швјонтек стигна до јубилеј и испиша историја
СледноПресврт: Чави останува на клупата на Барса?!