Селекторот на Канада е нов тренер на Бруклин

55

НБА тимот Бруклин го објави името на Жорди Фернандез како нов главен тренер на клубот.

„Среќни сме што можеме да објавиме дека Жорди Фернандез е наш нов тренер. Преку опсежна потрага во изминатите шест недели, дојдовме до заклучок дека Жорди е најдобрата опција за иднината на нашиот клуб. Тој со себе ќе донесе широк спектар на искуство и знаење стекнато во текот на неговата тренерска кариера во различни делови на светот. Во секоја фаза, Жорди демонстрираше способност да организира процеси и креативни системи дизајнирани да го оптимизираат составот на тимовите што ги тренираше. Тој докажа дека може да гради долгорочни односи со играчите и да ја заслужи нивната почит, а уверени сме дека нашите кошаркари ќе добијат многу од работата со него“, се вели во соопштението на тимот.

Жорди Фернандез ја заврши сезоната 2023/24 како прв помошник тренер на Сакраменто, каде дојде од Денвер каде исто така работеше како асистент цели 6 години. Тој исто така работи и како селектор на Канада.

ПретходноУ-16: Македонија со три порази на развојниот турнир во БиХ!
СледноВујовиќ повеќе не е тренер на хрватски Нексе