Вујовиќ не може да биде тренер во Хрватска во следните три месеци!

221

Веселин Вујовиќ од вчера и официјално веќе не е тренер на Нексе. Раководството на хрватскиот клуб и искусниот тренер одлучија да се разделат откако тимот не ги даде посакуваните резултати.

Доколку Вујовиќ одлучи во брзо време да се врати на тренерската работа тоа нема да може да го стори во Хрватска. Ова доаѓа по одлуката на Дисциплинската комисија при тамошната федерација која одлучи за големиот инцидент меѓу Нексе и ППД Загреб на почетокот на овој месец. Овој меч беше прекинат откако Марко Безјак го удри делегатот, кој падна на теренот. По ова настана мешаница на теренот.

Дисциплинскиот судија му изрече суспензија од една година на играчот на Нексе, Марко Безјак, а тренерот Веселин Вујовиќ доби забрана за извршување на тренерската функција од три месеци.

ПретходноРепрезентациите ќе добијат дозвола да носат по 26 играчи на Евро 2024
СледноИнтер ја покори Италија па најави два бесплатни трансфери