Куп на Македонија: Во четврток ќе бидат познати полуфиналните двојки!

243

Полуфиналните двојки во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција ќе бидат познати во четврток. Ждрепката ќе се одржи во просториите на Ракометна федерација на Македонија со почеток во 12 часот.

Финалниот турнир во двете конкуренции ќе се одржи во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ во периодот од 17. до 19. мај.

Екипи учесници во машка конкуренција:

  • РК Вардар 1961
  • РК Еурофарм Пелистер
  • ГРК Тиквеш 2014
  • РК Алкалоид

Екипи учесници во женска конкуренција:

  • ЖРК Вардар
  • ЖРК Куманово
  • ЖРК Чаир Скопје
  • Ѓорче Петров ЖРК
ПретходноЛоша вест за „триколорите“: Коман го пропушта Евро 2024!
СледноМу истекува договорот со Реал, Арсенал прв застана во редот!