Евролига: Фенербахче и Олимпијакос со гостински победи!

52

Прво Фенербахче, а потоа и Олимпијакос славеа на гости на првите 1/4 финални мечеви од плеј – офот во Евролигата.

Турскиот тим по продолженија славеше кај Монако со 91:95 со што поведе во оваа серија со 0:1.

Најефикасни на средбата беа Хајс со 19 поени кај гостите, додека исто толку поени за домашните беа дело на Окобо.

Олимпијакос среде Барселона го победи домашниот состав со 75:77 и успеа исто така да дојде до 0:1 во оваа четвртфинална серија.

Вилијамс Гос со 15 поени беше најефикасен кај победничкиот состав, додека Паркер кај Барса забележа 13 поени.

ПретходноКуп на Италија: Аталанта ја реши Фиорентина и си закажа финале со Јуве!
СледноПресврт: Чави се договорил со Лапорта, останува на клупата на Барса и следната сезона!