Кочов и Кемниц со пехарот во ФИБА Еврокупот!

228

Голем успех на македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов кој е дел од стручниот штаб на Кемниц. Имено тој заедно со својот тим успеаја да ја освојат титулата во ФИБА Еврокупот.

Овој успех дојде откако во финалето тимот на Македонецот успеа севкупно да триумфира над турскиот состав Бахчешехир. На првиот меч на свој терен, германскиот тим славаше со +11 разлика, а во реваншот Турците победија со 10 поени, 105:95 и тоа по прдолженијата што се покажа како недоволно.

Ова е најсладок пораз за Ѓорѓи Кочов кој веќе неколку сезони е во стручниот штаб на Кемниц.

ПретходноИма договор: Чави останува на клупата на Барса!
СледноЛШ 1/4 финале: Кјелце со минимален триумф против Магдебург, Монпелје убедлив со Кил!