Лука Дончиќ „танцуваше“ во ЛА , Далас направи брејк (ВИДЕО)

2166

Лука Дончиќ уште еднаш им покажа на сите во НБА зошто е во потесниот круг за МВП наградата. По многу лоша игра на стартот од плејоф серијата, во вториот меч го предводеше Далас до победа против Клиперс од 96:93. Резултат кој повеќе наликува на европски натпревар.

На претходниот дуел Словенецот беше многу нервозен, имаше грешки. Во втората пресметка беше вистинскиот Дончиќ. Танцуваше на подот, правеше се што сакаше и тоа донесе резултат.

На паркетот мина 46 минути, забележа 32 поени (5/14 за три), 9 асистенции и 6 скока. Го следеше Кајри Ирвинг (23 поени, 6 скока, 3 асистензии). Токму одличниот плејмејкер изведе три од четири важни слободни фрлања во самата завршница.

Во домашниот тим се истакнаа Џејмс Харден 22 поени и 8 скока, Пол Џорџ имаше ист број на поени, додека Ленард промаши застана на 15 поени. Серијата сега се сели во Тексас, а доколку Далас го брани својот домашен терен таму, ќе биде чекор поблиску до пласман во следната фаза. Таму Клиперси ќе бркаат брејк…

На останатите две средби Минесота славеше против Феникс со 105-93 и поведе со 2-0 во плеј-оф серијата, додека Милвоки беше поразен на домашен терен од Индијана со 108-125.

 

ПретходноЕвролига: Реал и Макаби со победи го започнаа четвртфиналето
СледноПолицијата за огласи за хаосот кој го направија браќата на Јокиќ