Мората има големи болки, ќе мора на операција

103

Напаѓачот Алваро Мората веќе неколку дена не тренира со Атлетико Мадрид, а причината е неподносливата болка предизвикана од невралгија на тригемината.

Тоа е хронична болна состојба која го зафаќа тригеминалниот нерв, еден од најважните нерви на нашето лице, и може да трае од една секунда до две минути. Дури и благите движења, како што е четкањето на забите, може да предизвикаат болка која обично ја зафаќа десната страна на лицето, особено кај луѓе постари од 50 години.

Се смета за „најболната болест позната во медицинската пракса“, пишува шпански „АС“, додавајќи дека честопати дури и лековите не се доволни за да им помогнат на пациентите кои страдаат од неа.

Мората моментално има големи болки, поради што зема лекови, но не е сосема сигурно дека ќе биде подготвен за натпреварот против Атлетик Билбао. За жал, овој тип на третман не е нужно ефикасен, па затоа често е неопходна операција.

ПретходноНадал за настапот на Ролан Гарос: Ако не можам да играм, нема да се мачам!
СледноПочина легендарниот фудбалски и естраден менаџер, Велибор Џаровски – Џаро