Почина легендарниот фудбалски и естраден менаџер, Велибор Џаровски – Џаро

324

По кусо боледување, денеска на 75 годишна возраст почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.

Џаровски остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.

Џаровски беше и претседател на ФК Слога Југомагнат во шампионските денови.

ПретходноМората има големи болки, ќе мора на операција
СледноУкраинската федерација истражува сомнителен меч меѓу Минаи и Динамо (К)