Кожув го потврди опстанокот, а Охрид се враќа меѓу второлигашите

104

По само една сезона во елитната кошаркарска конкуренција на Македонија, екипата на Охрид во следната натпреварувачка сезона ќе биде дел од второлигашите. Потврдата стигна по поразот на домашен терен од екипата на Кожув со 55:89. Па така на едно коло пред крајот охриѓани ги загубија и минималните шанси за опстанок.
А Кожув го потврди опстанокот во елитата со оваа победа затоа што се покажа како најдобра во мини групата која се бореше за да остане во најсилната лига. Краџовски беше најефикасен со 19 поени, Иванов постигна 15. Кај Охрид,. Бојовски постигна 10 поени.

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ 5.КОЛО

Охрид – Кожув 55:89

18.00 ч: Навико Академија ФМП – Вардар

ТАБЕЛА: Кожув 36, Вардар 32, Навико Академија ФМП 32, Охрид 32;

ИДНО КОЛО (27/28.АПРИЛ)
Вардар – Охрид
Кожув – Навико Академија ФМП

 

ПретходноНено е МВП во регуларниот дел од сезоната во ВБТ лигата
СледноГо нарече судијата идиот, па го суспендираа пет натпревари