Вардар со +21 ја декласира Струга!

111

Очекувано, убедливо, Вардар попладнево во меч од 11.коло во плеј – офот во ракометната Суперлига успеа да слави со 15:36 на гости кај Струга. Во текот на целиот меч далеку поквалитетните гости одиграа како што треба и постојано го полнеа голот на немоќниот домашен тим.

Првиот дел Вардар го доби со 8:16, со што ја наговести катастрофата на стружани. Второто полувреме пак гостите го добија со 7:20, па така на крајот со вкупни +21 гол дојдоа до победата.

Стојановски и Гојковиќ постигнаа по пет погодоци, додека по 4 постигнаа Лазаревски и Ќосевски. Кај поразениот состав најефикасен беше Бошњак со 7 погодоци.

Треба да се каже дека Вардар овој меч го одигра со комбиниран состав.

ПретходноКуртоа подготвен за кам-бек: Се чувствувам одлично!
СледноРФМ го прифати барањето на клубовите, ова се термините за одигрување на Купот!