Барди: Во Шпанија ме споредуваа со Меси, во Трабзон минав многу тешка година

538

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди во интервју за турските медиуми, зборуваше за неговиот престој во дресот на Трабзонспор и за времето во кое беше еден од лидерите на шпански Леванте.

„Додека играв во Шпанија имав седум гола од 25 слободни удари, додека Меси постигна осум гола од 52 слободни удари. Имав многу подобар процент од него. Искрено, ми беше мило што ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња“, вели Барди.

Во дел од интервјуто зборува и за неговотоа даптирање во Трабзон, но и за тешката сезона во која не ја доби вистинската шанса.

„Минатата година беше многу тешка за мене, не сум зборувал за ова бидејќи ми е тешко. Цело време чувствував некаков товар, притисокот беше голем се додека едно утро јасно си кажав дека не сакам да заминам од Трабзон на ваков начин. Добив голема желба да останам и да оставам нешто важно тука. Од тој момент ситуацијата се промени“, истакна македонскиот репрезентативец.

Иако е веќе доволно искусен, Барди вели дека е гладен за фудбал.

„Секогаш го велам ова: ќе продолжам да учам во текот на мојот живот. Ќе продолжам да се подобрувам каде и да е, во фудбалот или во нормалениот живот. На пример, во фудбалот има многу работи во кои треба да станам подобар, на пример физички и дефанзивно и во многу други аспекти. Се трудам да учам. Сакам да станам подобар“, заврши нашиот репрезентативец.

ПретходноКлоп за неговиот наследник: Ако изборот е Слот, ми се допаѓа, тој е добар тренер!
СледноБобан Илиоски вечерва се бори за светската титула во К1 ВАКО Про