Бобан Илиоски вечерва се бори за светската титула во К1 ВАКО Про

173

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 19:00 часот ќе се одржи гала кикбокс настанот “ВАКО ПРО АФН 9” во организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија.

На овој прв од ваков вид професионален кикбокс меч главната борба на вечерта ќе биде за титулата професионален светски првак на ВАКО ПРО организација во дисциплината К1 RULES, во која актуелниот светски и европски ВАКО аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Република Македонија, спортист на годината 2023 Бобан Илиоски ќе се соочи со актуелениот светски шампион на ВАКО ПРО во дисциплината K1 RULES 88.6 кг, Берк Дузенли од Турција.

Исто така, на еден од мечевите ќе настапи и нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален ВАКО ПРО меч.

Покрај овие две борби, на истиот настан ќе има и уште шест други мечеви во машка и женска конкуренција, на кои настап ќе земат атрактивни борци од нашата земја и нивните противници од Србија, Словенија, Босна и Израел кои се актуелни шампиони од официјалните ВАКО првенства.

ПретходноБарди: Во Шпанија ме споредуваа со Меси, во Трабзон минав многу тешка година
Следно11.000 навивачи потпишаа петиција Тухел да остане во Баерн