Лазаров го објави поширокиот список за Фарски Острови, Стоилов во стручниот штаб

267

Селекторот на машката сениорска селекција Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за бараж натпреварот против селекцијата на Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година.

Во стручниот штаб на Лазаров ќе биде и Стојанче Стоилов, кој е помошник тренер во Вардар 1961.

Машката сениорска селекција првиот натпревар од баражот ќе го оддигра на гостински терен на 08.05.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот , а ревашот е закажан за 12.05.2024 (недела) во СЦ “Борис Трајковски” со почеток во 19:00 часот.

ПретходноЧави прифати да остане, па веднаш ја кажа првата желба за следната сезона!
СледноВТОРА ЛИГА: МКК Куманово ита кон Првата лига