Македонија подобра од OАЕ на стартот на турнирот во Италија

298

Македонската У15 репрезентација денеска одлично го стартуваше турнирот во Италија, и обезбеди победа против соодветната селекција на Обединетите Арапски Емирати со конечни 2:1. Стрелци за нашиот состав беа Јаков Стојковски и Андреј Цветковски.

Веќе утре на програмата е второто коло каде што Македонија на чело со селекторот Драган Начевски ќе се сретне со репрезентацијата на Ирска. Доколку се обезбеди триумф ќе вкрстиме со најдобриот од групата во која што се наоѓаат Австрија, Велс и Норвешка. No description available.

ПретходноВаско Атанасов пред дуелот со Спартак: Ова се мечеви на кои треба да се остави и последната капка пот!
СледноВерати се враќа во Европа и тоа во дресот на Барса?!