Време е за одмазда: „Крвникот“ на МЗТ Скопје стои на патот до финале!

1007

МЗТ Скопје вечерва (19 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува тимот на Спартак Суботица во рамките на првата полуфинална пресметка во АБА2-лига. Македонскиот првак за противник ја екипата со најдобар скор во регуларниот дел од сезоната, и со добро проверени имиња во составот. Па токму затоа на четата на Васко Атанасов му е потребна максимална поддршка од трибините, влезот за оваа средба е бесплатен.

Кога сме кај противникот, на клупата на Спартак Суботица е Владимир Јовановиќ, тренер кој за фановите на МЗТ Скопје е познат како „главен виновник“ што минатата сезона „сино-белите“ испаднаа од елитната јадранска лига. Јовановиќ беше предводник на Будуќност, на домашен терен загуби од Борац Чачак и го смести македонскиот првак во АБА2-лига. Ова треба да биде дополнителен мотив и за навивачите, но и за кошаркарите да дојдат до победа на првата полуфинална пресметка и да продолжат да чекорат по патот кој води кон финалето.

„Спартак Суботица е исклучително квалитетен противник, тим со сериозен буџет и амбиции, поради што мора да бидеме на највисокото можно ниво ако сакаме да дојдеме до посакуваниот триумф. Верувам дека ќе имаме огромна поддршка од трибините, бидејќи со помош на навивачите секогаш играме подобро. Секој човек ќе ни биде клучен, затоа ги повикувам сите со плаво-бела крв во вените да дојдат и да ни помогнат заедно да го совладаме силниот ривал“, изјави Васко Атанасов.

Спартак Суботица и МЗТ Скопје имаат одиграно само еден меѓусебен меч и тоа во Скопје, истиот му припадна на српскиот тим, славеше со 81-86.

 

ПретходноДерби во Автокоманда: Алкалоид го пречекува ГРК Охрид во битката за третото место!
СледноПол позиција за Марк Маркез во Херез