Елмас остана на клупата: “Биковите“ го прегазија Дортмунд, Кејн му донесе победа на Баерн! (ВИДЕО)

101

Ако досега играше барем по десет минути, денеска на дербито против Дортмунд, Елиф Елмас не доби шанса да одигра барем една минута во дресот на Лајпциг. Навистина разочарувачко за нашиот Дијамант.

Инаку Лајпциг просто го растури Дортмунд со 4:1, а стрелци на головите беа Опенда, Шешко, Симакан и Баумгартнер, додека за “милионерите“ стрелаше Санчо за 0:1 и тоа во 20.минута.

Вердер како гостин со 0:3 славеше кај Аугсбург, додека Хари Кејн со два гола му донесе победа на Баерн со 2:1 против Франкфурт, па така сега стигна до 35 голови во сезоната.

И Волфсбург како гостин победи кај Фрајбург со 1:2. Фантастичен гол за победа постигна Арнолд со шут од слободен удар, сигурно дека ова е гол на колото во Бундеслигата.

ПретходноЏирона на гости славеше кај Лас Палмас и ита кон ЛШ! (ВИДЕО)
СледноВодечките без голови на дербито: Беса и Пелистер задоволни со бод!