Водечките без голови на дербито: Беса и Пелистер задоволни со бод!

931

На дербито на 26. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Беса и Пелистер за жал немаше голови. Лидерите во оваа конкуренција освоија по еден бод, кој се чини беше доволен за двата тим. Иако се очекуваше нивна промоција во Првата лига, сепак тоа се одложи откако Детонит славеше на гости кај Новаци со 0-1.

За разлика од оваа средба, Тетекс и Арсими се погржија фановите да уживаат од „рој“ од голови, „паднаа“ вкупно десет, а мечот заврши со победа на гостите од 4-6. Седум погодоци беа постигнати во првото полувреме.

ВТОРА ЛИГА – 26. КОЛО
Беса – Пелистер 0-0
Тетекс – Арсими 4-6
Охрид – Каменица Саса 1-1
Беласица – Кожуф
Башкими – Скопје 0-0
Новаци – Детонит Плачковица 0-1
Осогово – Караорман 2-1
Победа – Вардар Неготино

ПретходноЕлмас остана на клупата: “Биковите“ го прегазија Дортмунд, Кејн му донесе победа на Баерн! (ВИДЕО)
СледноВардар го испрати Охрид во второлигашката конкуренција