Вардар го испрати Охрид во второлигашката конкуренција

86

Во последното, шестто коло од Плеј-аут лигата, „вардарци“ стигнаа до убедлив триумф, за второто место на табелата во конуренцијата на четири екипи кои се бореа за опстанок во елитното друштво. Скопскиот состав го совлада Охрид (94:62) и го испрати во второлигашката конкуренција

ВАРДАР – ОХРИД   94:62

Се беше јасно и пред одигрувањето на последните 40.минути на сезоната. Стигна и дефинитивната оотврда дека оваа сезона екипата на Вардар заслужи да остане во Првата лига.

Во еден, практично, и ревијален натпревар, во кој шансата да заиграат добија играчи кои имаат многу помала бројка, „вардарци“ беа и повеќе од убедливи.

Марко Луканоски реализираше 26 поени и 14 скока, Најков беше исто така „двоцифрен“, со 17, но и 12 скокови, Во последниот меч за Охрид како прволигаш, Димовски креираше 16. реализации, Стојаноски имаше 15, а Столески уште десет поени.

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

Вардар – Охрид    94:62

28.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

15.30: Кожув – Навико Академија ФМП

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/btdrpvIhOGQ?si=0_JsOxDb0nDfMR7d

ТАБЕЛА: Кожув 36 (-1), Вардар 36, Навико Академија ФМП 33 (-1), Охрид 33;

ПретходноВодечките без голови на дербито: Беса и Пелистер задоволни со бод!
СледноАлкалоид со камата му се реваншираше на ГРК Охрид