Алкалоид со камата му се реваншираше на ГРК Охрид

124

Алкалоид дојде до осмата победа во плеј-офот, откако на домашен терен славеше против ГРК Охрид со (22-14) во дербито на 11. коло во плеј-офот. За разлика од претходната средба, очекувано беше дека Кирил Лазаров нема да дозволи неговите момци да одиграат под своите можности. Дека поразот во Охрид не беше реална слика потврдија на дело, дојдоа до убедлив триумф од 42-31. Со оваа победа Алкалоид остана на третото место (27 бода), сега има четири бода повеќе од ГРК Охрид, додека два помалку од Вардар.

Марко Митев и Стојковиќ постигнаа по седум гола, додека Дамјан Митев и Серафимов имаа по шест гола. На другата страна Мацуока имаше седум гола, додека Орјоникидзе пет гола.

На почетокот се чинеше дека ќе гледаме израмнета битка бидејќи Алкалоид имаше позитива од два гола, но потоа полека почна да ја зголемува предноста. Со кратки серии ја казнуваше секоја грешка на противникот. Со три гола во низа дојде на плус пет (14-9), а потоа влезе во ритам, кој беше едноставно недостижен за составот на Стевче Алушовски, најголемото водство во овој дел беше седум гола (19-12), на одморот резултатот беше 22-14.

Ништо не се промени на теренот во однос на силите, Алкалоид пред средината на второто полувреме со голот на Митев дојде на двоцифрени 29-19. На другата страна Алушовски не најде начин за оваа игра на македонскиот вицепрвак, едноставно денеска тоа не беше возможно. На пет минути до крајот, резултатот беше 38-26.

ПретходноВардар го испрати Охрид во второлигашката конкуренција
СледноВо знакот на 125 години од постоењето: Ова е дресот на Милан за следната сезона! (ФОТО)