Закањи пресуди на „Олимпико“

64

Фудбалерите на Лацио ја совладаа Верона со 1:0 во натпреварот од 34. коло на италијанската Серија А. Лацио победи со голот на Матија Закањи во вториот дел.

Ова не беше премногу возбудлив натпревар на „Олимпико“. Гостите дојдоа со намера да добијат бод кој ќе им помогне во борбата за опстанок, добро се бранеа, но на крајот се откажаа.

Единствениот удар домашната екипа го зададе вечерва во 72. минута кога Закањи и Луис Алберто одиграа двојно додавање, а поранешниот фудбалер на Верона му пресуди на својот поранешен тим.

Лацио е шести на табелата во Серија А со 55 бода.

ПретходноТрета четвртина од соништата за Орландо, Вангер за 2:2!
СледноПобеда на Атлетико Мадрид вредна Лига на шампиони