Победа на Атлетико Мадрид вредна Лига на шампиони

475

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го остварија веројатно најважниот триумф во шпанската Ла лига оваа сезона.

Во дербито од 33.коло „јорганџиите“ го совладаа Атлетик Билбао со 3:1 во натпреварот од 33.коло на националниот шампионат. Така Атлетико стигна до 64 бода и го зазема четвртото место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Де Пол во 15. минута со силен удар од дваесетина метри донесе водство за домашниот тим, пред крајот на полувремето Атлетик Билбао израмни преку Нико Вилијамс. Атлетико Мадрид успеа во вториот дел да го врати водството, Кореа зголеми на 2-1, додека Лино ги постави конечните 3-1.

 

ПретходноЗакањи пресуди на „Олимпико“
СледноЧелзи се врати од -2, му поништија гол за победа длабоко во судиското надополнување